ЖИВОТОТ Е КАБАРЕ

Кабаре Голд Фелициа

Добредојдовте во Кабаре Голд Фелициа – единственото кабаре во Македонија и пошироко.

Секој викенд, нашата сцена оживува со танц, музика и визуелни перформанси изведени од повеќе од четириесет професионални уметници. Секој настап го создаваме со голема прецизност – од оригиналните кореографии и сценското осветлување до ексклузивните костими дизајнирани од Папаз Студио.

Нашите професионални шминкери и фризери се грижат за совршениот изглед и препознатливиот сценски стил на секоја изведба. Репертоарот постојано се обновува со нови теми и настапи што ја одржуваат свежината и возбудата на секоја вечер.

Кабаре Голд Фелициа е заштитен знак на комплексот Голд Фелициа и симбол на современиот ноќен живот во Битола.

Не пропуштајте, затоа што „ЖИВОТОТ Е КАБАРЕ“

Види ги сите настани

 

+389 75 316 974

 

marketing@goldfelicia.mk